Фотограф: Марко Маркоски

„Го доживеав Бадник со исклучена струја“: Галоски вечерва гостува во RESET

Во најновата епизода од поткастот RESET ќе гостува диџеј Галоски кој во разговор со Нина Ред за првпат пред јавноста отворено ќе зборува за приватниот живот.

Во најавата за епизодата, Галоски открива дека постоел момент во неговата кариера кога сакал да се откаже. Луѓето не верувале во неговите успеси што ги постигнувал надвор од Македонија и често чувствувал потреба дека треба повторно и повторно да се докажува.

Голема радост на почетокот на кариерата му било кога тогаш најголемата ѕвезда Авичи, а потоа и Хардвел, на Ибица пуштале негови изданија, но и се чини дека тоа за негоко не значело ништо.

„Еден фестивал од Македонија, ми велеше: ‘Што се мислиш ти, што ако Авичи ти пуштал музика’. Ако сакаш да седиш на таа маса, треба да донесеш нешто на таа маса“, вели Галоски.

Меѓутоа, она што јавноста не го знае за него е дека имал тешки предизвици на фамилијарно поле, токму во периодот кога се уште се чувствувал немоќен.

„Мајка ми се бореше со канцер. Неколку месеци после тоа, Бадник го доживеав со исклучена струја“, вели тој за RESET.

Видео најавата можете да ја погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by reset (@resetchat)

Епизодата излегува вечерва во 20:00 часот на јутјуб-каналот на RESET.

Имено, RESET е поткаст посветен на менталното здравје, личниот развој и искрените разговори за животните предизвици. Стартуваше на 10.10.2025, на Светскиот ден на менталното здравје, со цел да инспирира, мотивира и да отвори важни теми што ретко се зборуваат гласно.

Следете ја нивната работа на платформите на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот