Рудник / Фото EPA-EFE/Brais Lorenzo

Белгискиот рударски гигант „Сибелко“ им фрли око на македонските рудници

„Сибелко“ е белгиска мултинационална компанија специјализирана за екстракција, обработка и за дистрибуција на индустриски минерали. Компанијата работи на стотици рудници ширум светот, има илјадници вработени и е присутна во 31 држава.

Белгиската компанија „Сибелко“, глобално позната по експлоатација и продажба на индустриски минерали, отвори подружница во Македонија, објави „Фактор“.

Засега не е објавено кој е точниот интерес на оваа мултинационална фирма, освен што во регистрите е наведено дека ќе се занимава со рударство и со вадење камен.

Според економската платформа „Компани вол“, подружницата е регистрирана на 13 ноември 2025 година.

„Сибелко“ е белгиска мултинационална компанија специјализирана за екстракција, обработка и за дистрибуција на индустриски минерали.

Бучим и Боров Дол се присоединија во еден заеднички рударски комплекс

Компанијата работи на стотици рудници ширум светот, има илјадници вработени, е присутна во 31 држава и во 2024 година остварила 2,225 милијарди евра приходи со добивка од 131 милион евра.

Акционерската структура е доминантно составена од неколку богати белгиски фамилии, дополнета со помали институционални и индивидуални инвеститори.

Во контекст на Македонија, „Сибелко“ е втора голема глобална корпорација што покажува интерес за рударски активности, по значително поголемиот „Англо Американ“, пишува Фактор, кој претходно веќе одржа средба со ресорното министерство.

Рударството во македонската економија денес учествува со само 1,5 отсто од БДП, за разлика од пред една деценија кога достигнувало речиси 15 отсто.

Во тек е подготовка на нов Предлог-закон за рударство, за кој Министерството најавува дека ќе стави акцент на заштитата на животната средина, додека, пак, критичарите предупредуваат дека предложените решенија можат да го олеснат и забрзаат отворањето рудници, со потенцијални последици по екосистемите и водните ресурси.

Македонија и Естонија ќе соработуваат во областа на геологијата и рударството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот