„Гласен текстилец” бара да се повлечат новите антиковид-мерки за вработените во јавниот сектор

кристина ампева гласен текстилец
Кристина Ампева „Гласен текстилец“/ Фото: МИА

Здружението „Гласен текстилец” најостро се спротиставува на предложените антиковид-мерки кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место да да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест направен на сопствен трошок. Во објавата на социјалните мрежи, „Гласен Текстилец” смета дека тие се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права.

–Здружението „Гласен Текстилец” најостро се спротивставува на овие предлог мерки и укажуваме на Владата да не ги усвојува бидејќи самата Предлог-одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението од „Гласен текстилец”.

Бараат веднаш да бидат повлечени овие мерки кои, како што велат, задираат во човековата слобода и дејствување. Во спротивно, тие ќе покренат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд и ќе ги повикаат на протест вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.

Извор: МИА

Задолжителна вакцинација за сите здравствени работници, на работа само со вакцинален сертификат или ПЦР тест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот