Гласањето на болните и немоќните во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива тековно

Гласањето на болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива тековно, потврдија претседателите и заменик – претседателите на општинските изборни комисии.

Во Куманово денеска право на глас имаат 189 болни и немоќни, како и затвореници во затворот Кшање, информираа од ОИК Куманово. Гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто”.

-Тековно се одвива и гласањето во општина Липково, каде право на глас денеска имаат 330 болни и немоќни лица, информираше претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари.

Драган Јовановски, претседател на ОИК Старо Нагоричане, изјави дека во Старо Нагоричане гласале десет од 11 пријавени болни и немоќни лица и гласањето е завршено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот