Јане Димески, Јана Белчева-Андреевска, Билјана Ивановска и Горан Марковски / Независни заедно

Гласајте за стручност, професионалност, визија и антикорупција, порачаа „Независни заедно“

Во недела гласајте за стручност, професионалност, визија и антикорупција – порачаа незивисниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, и кандидатката за Центар, Билјана Ивановска, поддржани од платформата „Независни заедно“. Ги повикаа граѓаните својот глас да го дадат за стручност и деполитизација.

Независните кандидати за советници и градоначалници на Скопје и Центар од редовите на „Независни заедно“
„Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија“, порача кандодатот за градоначалник на Скопје, Горан Марковски.

Кандидатката за градоначалничка на Центар и поранешна прва антикорупционерка, Билјана Ивановска, рече дека е редно да се објави војна на корупцијата во Општина Центар и ги повика граѓаните да гласаат за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа.

Покрај Марковски и Ивановска, на денешното обраќање пред медиумите, последно од кампањата за првиот круг од локалните избори, се обратија и носителката на советничката листа на „Независни заедно“ за Скопје, Јана Белчева-Андреевска и носителот на листата за Центар, Јане Димески. Порачаа дека нема силни општини без советите и дека таму треба да има луѓе кои се стручни и независни и кои ќе работат во интерес на граѓаните.

„Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот“, рече Белчева-Андреевска.

„Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните“, додаде Димески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот