Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети кон ракометот

Проект „РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“/Фото: Goran Gjorgonoski

После само четири месеци од како стартуваше проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, наменет за деца од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир на децата од школите кои ги опфаќа проектот во Велес, Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Битола.

Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат.

– „Проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акомулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надоградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти и тоа мини лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари.

Викендов кој помина се одигра првиот пред новогодишен турнир, кој беше поделен на два дела, за деца кои родени 2012 и помали кои го практикуваат т.н мини ракомет и деца родени 2010/11 кои своите натпревари ги играа на терен со регуларни димензии. Во секој случај едно убаво искуство за секое од нив, дружење, забава и натпреварување. Во иднина, школата ќе продолжи со активности во овој сегмент и ќе организира турнири, како во Скопје, така и во другите градови.

Посебно сум горд и благодарен на родителите кои од самиот старт нè поддржуваат, на тренерите кои работат секојдневно со децата, на моите соработници кои се дадоа целосно во проектот и секако на партнерите на проектот, без кои истиот не би функционирал на нивото на кое е предвидено.

Ова е млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење“ – Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.

По завршувањето на официјалниот дел и натпреварите во двете категории, благодарение на своите партнери и пријатели секое дете доби пакетче од страна на организаторот со најубави желби во новата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот