Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Ѓорѓиевски: Ќе се постават мрежи долж Вардар за да се намали загадувањето на реката

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Сител најави дека е во тек постапка за поставување мрежи во текот на реката Вардар, со која, како што вели, ќе се спречи постојаното загадување на реката.

„Во постапка сме со една општествено одговорна компанија да обезбедиме мрежи кои ќе бидат поставени во делот на течението на реката Вардар. Станува збор за мрежи кои нема да му пречат на живиот свет во реката, а вакви решенија се пракса во сите развиени европски метрополи,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој појасни дека проектот има за цел превенција на загадувањето и заштита на состојбата околу течението на Вардар, како и одржување на чистотата на водата и околината, а за овој проект најави дека ќе му биде потреба поддршка од централната власт.

„Во наредниот период јавноста ќе биде запознаена со сите детали, но во процесот треба да се вклучат и централните институции, особено во делот на спроведувањето на казнените мерки,“ додаде градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот