Орце Ѓорѓиевски - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Орце Ѓорѓиевски - Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Ѓорѓиевски: Без разлика дали јас ќе бидам кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите за градоначалник на Скопје

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во гостувањето во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер за претстојните локални избори коишто треба да се одржат истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа не само во Скопје, туку во најголем дел од општините. Тој додаде дека градот Скопје потребно е да се менува од повеќе аспекти и дека доколку ја добие поддршката од Мицкоски и партијата, со конкретни проекти ќе ги објасни проектите коишто ќе ги понуди пред граѓаните.

„За тоа кој ќе биде кандидат и кој ќе ја има шансата да биде наредниот градоначалник на Град Скопје, бидејќи и јас и целата јавност сме убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија.Скопје треба да се менува од повеќе аспекти, првенствено треба да се обезбеди гасификација во градот. Доколку ја добијам поддршката од партијата и претседателот, со конкретни локации ќе објаснам од проектите коишто ќе ги понудам пред граѓаните, колкава ќе биде финансиската рамка за истото, рокот на реализација и се останато“, вели Ѓорѓиевски за Радио Лидер и додава:

„Јас имам доста сработено зад себе, изминативе повеќе од три години во мојата општина. Од една општина каде што немаше основни услови за функционирање, општина во која што во 21 век требаше да се бориме со воспоставување на фекална канализација, водоводна мрежа, општина која немаше ниту еден парк, имаше проблем во секое училиште, немаше спортски сали, имаше над 350 дечиња кои што чекаа да бидат запишани во градинки, што значи еден куп наталожени проблеми. Успеавме да дојдеме до ниво често пати во јавноста нашата општина во моментов да се споменува за пример“, заклучува Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот