Ѓоревски е новиот генерален извршен директор на МЗТ Скопје

Филип Ѓоревски доаѓа како наследник на Тони Грнчаров/Фото: facebook.com/kkmztskopje

МЗТ Скопје Аеродром од денеска и официјално има нов генерален извршен директор и тоа повторно поранешен кошаркар и миленик на аеродромската публика, кој знае колкава чест е да се носи „сино-белиот“ дрес на клубот.

Станува збор за Филип Ѓоревски (36 години), кој за клубот настапуваше пред 15 години, а кој потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје.

Во играчката кариера има играно уште и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот наречен Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелнава сезона.

Ѓоревски доаѓа на местото на Тони Грнчаров, кој изминативе четири години беше во улога на предводник на МЗТ Скопје Аеродром.

„Металците“ победнички ја стартуваа годината со победа над Кожув (86:71) и е во трка за нова шампионска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот