Ѓоковиќ останува прв на АТП листата по елиминацијата на Алкараз во Мелбурн

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (36) ќе остане на првото место на АТП листата без разлика како ќе заврши неговиот настап на „Австралија опен“.

Клучно за тоа беше поразот, елиминацијата на Карлос Алкараз (20) кој загуби во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн од Александер Зверев (26).

Алкараз дефинитивно ќе добие нови бодови врз основа на учеството во Мелбурн, со оглед на тоа што лани не учествуваше. Овој пат стигна до четвртфиналето, што значи дека следниот понеделник на најновата АТП листа ќе има 9,255 бодови.

Од друга страна, српскиот тенисер Ѓоковиќ моментно има 9,855 бодови. Доколку влезе во финалето ќе стигне до бројката од 10,355, а доколку дојде до титулата ќе има 11,055.

Тоа значи дека значително би ја зголемил предноста во однос на Алкараз на АТП листата и би го подобрил рекордот по бројот на недели на првата позиција.

Ѓоковиќ ќе продолжи да биде на светскиот врв најмалку до 19 февруари, а неговиот рекорд ќе биде 412 недели на тенискиот трон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот