Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е номиниран за престижното признание „Лауреус“ кое се доделува за најдобриот спортист во годината.

Ѓоковиќ во текот на 2023 година освои три грен-слем титули и завршниот мастерс, а сега е номиниран за признанието кое се доделува на најдобриот спортист за изминатата година. Набрзо по номинацијата се огласи и српскиот тенисер.

„Воодушевен сум што повторно сум номиниран за светски спортист на годината. Оваа награда ја освојував четирипати и секоја беше многу посебна и незаборавна на свој начин. Ова е чест поголемо од било која друга, бидејќи академијата „Лауреус“ е таа која ја носи одлуката и тие знаат како е да се дојде на врвот во некој спорт, меѓутоа и што е потребно за да се остане таму“, изјави Ѓоковиќ.

Конкуренти на Ѓоковиќ за овогодинешниот „Лауреус“ се атлетичарите: Мондо Дуплантис (Шведска) и Ноа Лајлс (САД), формула 1 возачот Макс Ферстапен (Холандија), како и фудбалерите Ерлинг Халанд (Норвешка) и Лионел Меси (Аргентина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот