Ѓоковиќ го предаде мечот во Ријад, Фриц третопласиран на турнирот „Шест кралеви“
Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, го освои четвртото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ што се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.
Препорачано
Во саботниот дуел на „АНБ Арена“, Ѓоковиќ се соочи со Американецот Тејлор Фриц, моментно четврти во светот. Иако српскиот ас играше многу добро и беше расположен на теренот, тој одлучи да се повлече по првиот сет, најверојатно поради физички ограничувања.
Фриц го доби првиот сет со 7:6 (4), по 76 минути одлична борба, во кои публиката имаше можност да гледа многу изедначен дуел.
За време на мечот, двајцата тенисери покажаа високо ниво на игра, но и невообичаено голем број пропуштени шанси. Вкупно, пропуштија 14 можности за брејк – Ѓоковиќ пет, а Фриц дури девет. 10 и 11 гем беа особено исцрпувачки, во кои Ѓоковиќ имаше четири сет-топки, но не успеа да ги искористи. Американецот го издржа притисокот, а потоа го реши сетот во тај-брејк.
Американецот го доби тај-брејкот со 7:4 и така го освои првиот сет, по што Ѓоковиќ се приближи до мрежата, му рече нешто кратко на противникот и веднаш отиде кај главниот судија – ја испружи раката и сигнализираше предавање на мечот.
Едноставно кажано – неговото тело повеќе не можеше да го поднесе тоа и беше принуден да го предаде мечот.


