Ѓоковиќ го елиминираше Давидович Фокина за осминафинале на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Новак Ѓоковиќ е во осминафиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“. Во два сета кои траеја речиси три часа, Србинот се соочи против Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, а потоа во третиот целосно доминираше 7:6 (7:4), 7:6 (7:5), 6:2.

За пласман во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против од дуелот меѓу Хуан Пабло Варилас (Перу) и Хуберт Хуркач (Полска).

Во следната фаза се најде и Австриецот Себастијан Офнер кој со 3:2 5:7, 6:3, 7:5, 1:6 и 6:4 го совлада Фабио Фоњини од Италија.

Следен ривал на Офнер ќе биде подобриот од мечот помеѓу Диего Шварцман (Аргентина) – Стефанос Циципас (Грција).

Кај жените Украинката со 2:1 Елина Свитолина во сетови 2:6, 6:2 и 7:5 ја совлада Ана Блинкова (Русија), потоа Американката Слоан Стивенс со 6:3, 3:6 и 6:2 триумфираше над Јулија Путинцева (Казахстан), додека Елина Аванесјан (Русија) беше подобра од Клара Таусон (Данска) со 3:6, 6:1 и 7:5.

Сензација во Париз, испадна уште еден фаворит на „Ролан Гарос“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот