„Дуран Дуран“/Енди Тејлор/Фото: Инстаграм

Гитаристот на „Дуран Дуран“ има рак: Нуклеарен лек му го продолжил животот за 5 години

Оригиналниот гитарист на бендот „Дуран Дуран“, Енди Тејлор, изјави дека иновативниот лек за лекување на напреднат рак на простата му го продолжил животот за пет години.

На Тејлор пред осум години му беше дијагностициран рак на простата во четврта фаза, но не ја откри својата состојба дури до 2022 година. Откако излезе во јавноста со информацијата дека боледува од рак, научник го контактирал за да му понуди „нуклеарен лек, лутециум-177“, кој е насочен да ги гледа само клетките на ракот“, открил музичарот за Би-би-си брекфаст и додал дека првата доза од лекот ја земал пред шест недели.

„Не може да ги види здравите клетки. Го убива ракот во четвртиот стадуим во вашите коски. И она што делотворно го прави е продолжување на мојот живот за пет години“, рекол 62-годишниот музичар, додавајќи дека неговото здравје се влошувало пред тоа и тој бил на „црната листа“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тејлор ја откри дијагнозата минатиот ноември во писмото што го прочитаа неговите поранешни колеги од бендот при примањето во Куќата на славните на рокенролот во Лос Анџелес. Настанот во Л. А. требаше да биде повторно обединување на бендот, чија класична постава не свирела заедно од 2006 година.

Тејлор рече дека во тоа време бил „многу разочаран“ што го пропуштил настапот, бидејќи бил премногу болен.

– Неколку дена претходно не можев да станам и да свирам. Ја пропуштив најголемата ноќ во мојот живот“, изјавил тој за Би-би-си, додавајќи дека до тој момент никој навистина не знаел за неговата дијагноза освен неговото семејство и неколку пријатели.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, новиот третман на професорот Крис Еванс, основач на Фонд за подигање на свеста за ракот (The Cancer Awareness Trust (CAT)) му го продолжил животот на Енди Тејлор.

„Кога пациентите како Енди Тејлор, за жал, напредуваат до четвртиот стадиум на рак на простата со секундарни метастази, особено во коскеното ткиво, тогаш опциите за лекување се ограничени. Тој веќе прими некои од најдобрите достапни лекови и беше во сериозно опаѓање“, рекол Еванс.

„Длабоко нурнавме во неговиот генетски профил и специфичните геномски мутации присутни во неговиот рак. Исто така, пресметавме низа други многу специфични биохемиски и физиолошки делови од сложувалката на Енди. Врз основа на сè што откривме, сметаме дека инјекциите на нуклеарниот лек лутециум 177 беа најдобрата опција за него“, додал тој.

Гитаристот на „Дуран Дуран“ откри дека има рак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот