Гитарата на Курт Кобејн на аукција: Почетната цена – милион долари!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Музичарот ја користеше на свирката во Њујорк, пет месеци пред тој да почине…

Гитарата на која фронтменот Курт Кобејн свиреше на легендарниот акустичен концерт на „Нирвана“ во Њујорк ќе се продава на аукција и се очекува нејзината почетна цена да биде еден милион долари, јавува Гардијан.

Станува збор за гитара од моделот „Мартин Д-18Е“ од 1959 година и последен пат е користена во текот на споменатата свирка, во ноември 1993, само пет месеци пред неговата смрт, а ќе биде меѓу највредните експонати што ќе бидат понудени на аукцијата во Беверли Хилс во јуни.

принтскрин/јутјуб

Аукцијата ќе трае два дена – на 19. и 20 јуни. На наддавањето притоа ќе бидат понудени и други лични предмети на Кобејн.

Покрај гитарата, купувачот ќе ја добие и нејзината футрола која ја декорирал Кобејн, како и флаер од албумот „Feel the Darkness“ од 1990 година, од панк-рок бендот „Poison Idea“.

„Горди сме што можеме да ја понудиме оваа историска гитара на Курт Кобејн од неговиот митски настап со Нирвана на Ем-Ти-Ви анплагд. Како дел од една од најнезаборавните свирки во историјата, оваа гитара има важно место во музичката историја“, изјави Дарен Џулиен, претседателот на аукциската куќа „Џулиен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот