Гимнастичарката Чусовитина на 48 години се бори за учество на своите деветти олимписки игри

Фото: EPA/Rolf Vennenbernd

Легендарната гимнастичарка и во зрелите години од животот е активна и се надева дека ќе се избори за норма за учество на ЛОИ Париз 2024

Бесмртната гимнастичарка, Узбекистанката Оксана Чусовитина (48 години), се чинеше дека ги загуби шансите да се квалификува за нејзините деветти Олимписки игри (Париз 2024).

Таа не успеа да обезбеди олимписка норма дисциплината прескок, на која речиси исклучиво се посвети последниве години.

Но, узбекистанската гимнастичарка не се предава. Таа се префрли на дисциплините греда и партер. Тоа е јасен знак дека ќе се обиде да ги исцрпи своите последни опции за да продолжи да пишува историја во овој спорт.

На Азиското првенство во гимнастика што ќе се одржи во главниот град на Узбекистан, Ташкент, од 24 до 26 мај, Чусовитина изгледа е решена да се обиде да обезбеди норма во натпреварите на греда или во партер. За време на Игрите во Париз таа ќе има полни 49 години..

Таа не се откажува да се пласира на нејзините деветти ЛОИ што е рекорд за жена.

Чусовитина досега се натпреварувала за СССР, за Обединетиот тим, за Германија и за Узбекистан. Таа има два олимписки медали, злато на ЛОИ 1992 и сребро на ЛОИ 2008.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот