Ги служеле гостите во гаќички и престилка, па завршиле во полиција (ВИДЕО)
Дека македонските инспекции не се единствените што работат вредно, покажува и примерот од далечниот Тајланд, каде четири келнерки се уапсени поради своите работни униформи или да бидеме појасни, поради нивно неносење.
Имено, четири девојки ги послужувале гостите само во гаќички и престилка, но на крајот „дебело“ си платиле за таквата услуга.
Како што јавуваат тамошните медиуми, се работи за четири девојки. Најмладата имала 24 години, а највозрасната 34 години – кои работеле како испомош во ноќните смени во еден ресторан во Банког.
Некој од гостите ги снимил со мобилниот телефон, па кога биле објавени тоа набрзо стигнало и до полицијата која веднаш излегла на терен да провери за што се работи.
Во ресторанот не затекнале ништо спорно, но дошле до идентитетот на девојките, кои биле повикани на „разговор“.
– Видовме видео и фотографии од девојките кои работат во ресторанот и се согласивме дека таква униформа не е прикладна за во јавност – изјавил полицискиот инспектор.
Девојките, како и сопственикот на ресторанот платиле казна од 2000 бахта (околу 3700 денари), а наводно за две вечери колку што работеле, заработиле пет пати повеќе.