„Ги проучував психопатите и станав како нив“ – нови детали од судењето на Коста Кецмановиќ

Момчето-убиец денеска на сослушувањето, кое траеше пет часа, призна дека, откако татко му го нарекол психопат, се поистоветил со психопатите.

Момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“, Коста Кецмановиќ, изјави на денешното судење во постапката што се води против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ дека се поистоветил со психопатите, како и дека смета дека е доблест да се биде ладен и без емоции, пренесе Нова.рс.

Момчето-убиец денеска на сослушувањето, кое траеше пет часа, призна дека, откако татко му го нарекол психопат, се поистоветил со психопатите.

„Почнав да истражувам психопати, го проучував психопатското однесување и во тој период додека ги проучував, целосно се поистоветив со нив. Сметам дека е доблест да се биде ладен и без емоции“, изјави момчето-убиец во Специјалниот суд.

Како што дознаваме, момчето-убиец останало при сведочењето што го дало минатиот пат, но сега одговорите оделе повеќе во прилог на неговите родители, односно одговорите ги приспособил така што одат во одбрана на родителите.

Конкретно, тој изјавил дека барањата на неговата мајка Миљана Кецмановиќ не влијаеле на неговата одлука да го изврши масакрот на 3 мај и дека тоа го сфатил дури сега, бидејќи созреал.

Тој веднаш по доведувањето за судската говорница рекол дека останува при сè што изјавил за време на претходното судење.

На сослушувањето признал дека откако татко му го нарекол психопат почнал да ги проучува психопатите и целосно се идентификувал со нив.

Неговите одговори на судењето сега повеќе одат во прилог на одбраната на родителите, тврдејќи дека не бил мотивиран од барањата на мајката за масакрот.

Момчето-убиец по давањето на исказот било вратено во болницата во која е сместено по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. За време на истрагата, кога Вишото јавно обвинителство во Белград собирало докази против Миљана и Владимир Кецмановиќ, момчето-убиец било сослушувано преку видео-врска од Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што се наоѓа од моментот кога уби деветмина врсници и работник од училишното обезбедување. Момчето-убиец не е опфатено со ниту една судска постапка бидејќи, во моментот на извршување на кривичното дело, било кривично неодговорно.

За разлика од истрагата, на 8 октомври 2024 година било пренесено со санитет на Итната помош од болницата во зградата на Специјалниот суд на улицата Устаничка.

Што кажа момчето-убиец минатиот пат?

Бидејќи судењето тогаш, како и сега, беше затворено за јавноста, според неофицијални информации, момчето-убиец тогаш рекло дека не сака да го искористи законското право што му овозможува да не сведочи против членови на семејството, туку го повторило исказот што го дало за време на истрагата.

Во Белград денес ќе биде сослушан Коста Кецмановиќ

Осудени родителите на момчето-убиец од „Рибникар“, таткото доби 14, а мајката 3 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот