ГИ НАДМИНА АЛИ БАБА И ЕПЛ: Првичната понуда за нафтениот гигант „Арамко“ ќе биде најголема во историјата

Првичната јавна понуда на саудискиот државен нафтен гигант „Арамко” ќе биде најголема во историјата. Сепак, ќе биде значително помала од 2 милијарди долари како што најави принцот Мохамед бин Салман.

„Арамко” го проценува своето ИПО на 32 риала по акција, соопшти компанијата, која собра 25,6 милијарди американски долари, надминувајќи го рекордот на кинескиот гигант „Алибаба” во 2014 година од 25 милијарди долари.

Пазарната вредност на „Арамко” е 1,7 трилиони долари, со што го надминува „Епл” како највредна компанија во светот. Сепак, излезот на саудиската берза, што се очекува кон крајот на овој месец, ќе биде многу поскромен отколку што најави Бин Салман.

Странските инвеститори не брзаат за акции на „Арамко” поради загриженоста во врска со климатските промени, политичкиот ризик и немањето транспарентност, поради што Саудијците се откажаа од своите амбиции да соберат до 100 милијарди американски долари за 5 проценти од акциите.

Наместо тоа, „Арамко” ќе се фокусира на продажба на 1,5 отсто од акциите на саудиските инвеститори и богатите држави од Заливот. Саудиските банки исто така понудија евтини кредити на граѓаните за купување акции.

Засега Ријад не откри каде и кога „Арамко” ќе излезе на берзата во странство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот