Фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

ГФК Тиквеш: Се раскинуваат договорите на тренерот Христов, целиот стручен штаб и спортскиот директор

По одржување на денешниот состанок на Акционерското друштво на Градскиот фудбалски клуб Тиквеш, се донесоа следните одлуки:

-Се раскинува договорот со шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

-Се раскинуваат договорите со асистентите тренери: Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков.

-Се раскинува договорот со спортскиот директор, Љупчо Трајковски.

Од вторник, 5 мај 2026 година, целокупното раководење со клубот ќе го преземе ко-сопственикот Цезер Браво, кој ќе раководи со клубот до крајот на актуелната сезона.

-Клубот и понатаму ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачи на ГФК Тиквеш, со јасна цел – стабилност и напредок до крајот на сезоната. Клубот им се заблагодарува на шефот на стручниот штаб, неговите асистенти, како и на Спортскиот директор за нивниот ангажман и придонес во изминатиот период и им посакува многу успех во понатамошната кариера – стои во објавата на Акционерското друштво ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот