Гешев: Уште еден руски дипломат шпионирал во Софија, соработувал со бугарски генерал од резервата

фото МИА

Бугарското Специјално обвинителство и Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) собрале податоци за истрага за шпионажа во корист на Руската Федерација, се дознава од објава на Твитер  на државниот обвинител Иван Гешев.Тој ги испратил податоците до министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Гешев, рускиот дипломат соработувал со бугарски генерал од резервата, кој имал пристап до доверливи информации.

Ова е седми случај на руски дипломати кои се занимаваат со шпионажа на територијата на Бугарија. нк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот