Германскиот министер за здравство предупреди на опасност од зимски бран на коронавирусот

Ковид БиХ EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на опасноста од зголемување на случаите со Ковид-19 во текот на зимата и ги критикуваше намерите на четири сојузни држави да ги олеснат правилата за карантин за заразените.

„Тогаш ќе се соочиме со уште потежок бран отколку што се плашевме, ние сме и во пресрет на појавата на позаразна варијанта на коронавирусот”, рече Лаутербах.

Тој додаде дека федералната влада не ги одобрува активностите преземени од регионалните власти во покраините Баварија, Баден-Виртемберг, Хесен и Шлезвиг-Холштајн.

Претходно денеска, тие провинции, дом на речиси половина од населението во Германија, објавија во заедничка изјава дека имаат намера да престанат со спроведувањето на националниот петдневен карантин. Тоа значи дека секој што е позитивен на коронавирусот, но се чувствува добро, ќе може да го напушти својот дом, но под услов да носи маска. Во Баварија, промената ќе стапи на сила следната среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот