Германски виролог со порака за анти-ваксерите: Кој не се вакцинира, се одлучил за зараза

Вакцинација /Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Германскиот виролог Кристијан Дростен очекува населението во Германија во следните година и половина да стекне имунитет против коронавирусот.

– Тоа ќе се случи со вакцинација или природна инфекција. Овој вирус ќе стане ендемичен и нема да исчезне. Секој што ќе одлучи да не се вакцинира, неминовно ќе се зарази, рече Дростен.

Тој истакна дека против тоа не може ништо да се стори, бидејќи епидемиолошките мерки со време ќе се укинат.

После тоа, вирусот ќе циркулира меѓу населението кај оние кои не биле имунизирани и малите деца кои не можат да се вакцинираат.

– Вирусот незабележлив и понатаму ќе се шири, а потоа ќе наиде на луѓе кои не се вакцинирале, објасни Дростен.

Тој очекува и следната зима да има тешки ковид пациенти на интензивна нега.

– Оние кои активно ќе се одлучат против вакцината, мора да знаат дека со тоа активно се одлучиле за природна инфекција, подвлече тој, додавајќи дека тоа е слободна одлука на секој поединец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот