Германски компании бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан

Foto: Shutterstock

Германско-српската стопанска комора (АХК Србија), претставниците на германската економија во земјите од Западен Балкан (АХК), Стопанската комора на Србија (ПКС), како и Германското здружение за управување со материјали, увоз и Логистика, денеска поканија компании од Србија и земјите од Западен Балкан да бидат дел од регионалниот Б2Б проект „Германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи во земјите од Западен Балкан“. објави нова.рс

Состанокот ќе се одржи на 6 декември во Штутгарт, а целта на проектот, кој се спроведува осма година по ред, е германските компании да најдат производители од бараните индустриски области во Србија и земјите од Западен Балкан.

Крајниот рок за поднесување на апликацијата е 24 октомври, а сите заинтересирани за повеќе детали можат да се обратат во АХК Србија.

Беше посочено дека учество во проектот го потврдиле 50 германски компании.

Како што е наведено, заинтересираните германски компании главно доаѓаат од секторот за преработка на метали, од секторот добавувачи за автомобилската индустрија, од секторот за преработка и производство на пластични материјали и помал број компании од електро и електронскиот сектор.

Настанот се реализира под покровителство на Министерството за економија и енергетика на Германија како дел од Програмата за развој на странски пазари за мали и средни претпријатија на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот