Германската полиција во проблеми: Заплени биткоини во вредност од 60 милиони долари, нема лозинка за пристап до парите
Германските обвинители конфискувале биткоини во вредност од над 50 милиони евра (60 милиони долари) од измамник, но не можат да ги отклучат парите затоа што тој одбива да им ја даде лозинката.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Човекот беше осуден на затворска казна што ја издржа, одржувајќи го својот молк во текот на целиот период, додека полицијата без успех се обидува да го пробие кодот за пристап до повеќе од 1.700 биткоини, изјави денеска обвинител во баварскиот град Кемптен.
– Го прашавме, но не сака да ја каже. Можеби не ја ни знае, изјави обвинителот Себастијан Мурер за „Ројтерс“, пренесува „Јаху фајненс“.
Биткоинот се чува на софтвер познат како дигитален паричник, што е обезбеден преку криптирање. Лозинката се користи како клуч за декрипција за да го отворите паричникот и да пристапите до биткоинот. Кога лозинката е изгубена, корисникот не може да го отвори паричникот.
Измамникот е осуден на повеќе од две години затвор за прикриено инсталирање на софтвер на други компјутери за да ја искористи нивната моќ да „копа” или да произведува биткоини.
Кога отиде зад решетки, имаше залиха на биткоини што беше само дел од сегашната вредност. Цената на биткоинот се зголеми во текот на изминатата година, достигнувајќи рекордно високо ниво од 42.000 долари во јануари. Денеска се тргуваше по 37.577 долари, според веб-страницата за криптовалути и блокчејн „Коиндеск”.


