Германската полиција откри три групи поврзани со Хезболах

Откриените групи собирале донации и организирале спонзорства за „семејствата на мачениците“ на членовите на Хезболах.

Германската полиција изврши рација на 20 локации во неколку федерални провинции насочени кон организации чии активности беа забранети од властите поради нивните врски со исламистичкото движење Хезболах во Либан.

Полициската акција следеше по забраната за нивните активности објавена на 15 април, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Рациите беа извршени во Бремен, Хесен, Хамбург, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Шлезвиг-Холштајн и Рајна-Пфалц.

„Оние што го поддржуваат тероризмот нема да бидат безбедни во Германија. Без оглед под кои маски се појавиле, тие нема да најдат засолниште во нашата земја“ порача германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер кој е во карантин поради инфекција со коронавирус.

Откриените групи собирале донации и организирале спонзорства за „семејствата на мачениците“ на членовите на Хезболах.

Според германската полиција, младите приврзаници на Хезболах се веќе подготвени да учествуваат во борбата против Израел со знаење дека нивните најблиски ќе добијат финансиска поддршка во случај на нивна смрт.

Целта на овие организации е исто така промоција на шиитската борба против Израел, што е во спротивност со идејата за меѓународно разбирање.

Во 2010 година, Германија ги забрани активностите на Хезболах на нејзина територија.

Германските служби проценуваат дека во земјата во моментов има околу 1.050 членови и поддржувачи на Хезболах. Тие немаат официјална организација во Германија, но работат неформално, меѓу другото, собирајќи средства.

Палестинското исламистичко движење Хамас, кое е на власт во Газа, во моментов е во судир со израелската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот