Германската министерка за одбрана пристигна во Одеса, вети оружје за Украина

Ламбрехт и Резников во Одеса/ Фото: Jörg Blank / AFP / Profimedia

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт отпатува во Украина за прв пат од почетокот на војната.

Во пристанишниот град Одеса на Црното Море, германската министерска беше примена од нејзиниот украински колега Олексеј Резников. Ламбрехт вети дека ќе ја испорача првата единица од веќе ветениот копнен систем за воздушна одбрана Iris-T SLM за неколку дена.

Непосредно пред посетата, која првично беше чувана во тајност од безбедносни причини, според украински извори, два руски ракети „Искандер“ погодија индустриска зона во Одеса. Никој не беше повреден. Попладнето и самата министерка морала да оди во бункер поради аларм за воздушен напад, пренесува „Жидејче цајтунг“.

Планираната посета на градот Николаев, на околу 40 километри од фронтот, беше откажана од безбедносни причини поради закана од руски ракетен и артилериски напад. Во таа област, Ламбрехт првично сакаше да ги посети местата за оружје, објектите за обука и активностите за чистење мини со Резников.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот