Германската амбасада прави променa во системот за термини за визи, нема веќе листи на чекање

Фото: Фадиљ Идушев / Google Maps

Германската амбасада во Скопје денеска објави дека направила промена на системот за доделување на термини за добивање виза.

-Доколку сакате да поднесете барање за виза за работа (изземени се визите што се опфатени со Западен Балкан и за деташирани работници) како и за престој за студии, јазичен курс или научник/ истражувач, можете веднаш директно да резервирате термин преку нашиот портал за термини. Нема веќе листа на чекање за оваа категорија. Редовно ќе се доделува одреден број на термини. Доколку сите термини се резервирани, Ве замолуваме да проверите подоцна дали има слободни термини, велат од амбасадата.

„Ве молиме да резервирате само термин според посакуваната цел на престој. Барања за друга категорија (на пр. според регулативата за Западен Балкан) нема да бидат прифатени. Доколку не може да се појавите на резервираниот термин, Ве молиме сторнирајте го терминот колку што е можно порано. Со регистрација во вистинската категорија и навремено сторнирање на термините го намалувате времето на чекање за сите подносители на барања за виза. За да може да поднесете виза во категоријата приклучување кон семејството или регулативата за Западен Балкан, можете да се внесете во листата на чекање. Термините во областа на приклучување кон семејството ќе бидат хронолошки доделени според датумот на внесувањето во листата на чекање за термин. Ова промена нема влијание на досега постоечките регистрации. Ако веќе сте се регистрирале, тогаш ќе добиете термин по редослед. Други информации ќе најдете на порталот за термини и во општите упатства за резервација на термини“, наведува Амбасадата на Република Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот