Германка нашла двојничка на „Инстаграм“ и ја убила за да ја лажира сопствената смрт

Фото: Илустрација/EPA

Германка (23) со потекло од Ирак на „Инстаграм“ барала двојник, односно жена која многу личела на неа и со помош на пријател ја убила за да си ја лажира смртта, соопштија истражители во Баварија, пренесува Гардијан.

Кога во август, во паркиран „мерцедес“ во Инголштад, јужна Германија, било пронајдено тело на млада жена покриено со крв, жртвата првично била идентификувана како Шарабан К., 23-годишна козметичарка од Минхен, со потекло од Ирак.

Иако некои членови на нејзиното семејство го идентификувале телото, обдукцијата извршена следниот ден покренала сомнеж за вистинскиот идентитет на жртвата. Жртвата на крајот била именувана како Кадиџа О., алжирска блогерка од Хајлброн во соседната држава Баден-Виртемберг, исто така 23-годишна.

И двете имале долга црна права коса, сличен тен, а со шминка, двете жени изгледале неверојатно слично, соопшти полицијата, што ги натерало германските медиуми да го наречат случајот „двојно убиство“.

Заедно со 23-годишниот Косовец Шеќир К., Шарабан К. била приведена во Баварија на 19 август 2022 година, но властите до оваа недела јавно не шпекулираат за мотивот. Жртвите и обвинетите се споменуваат по име и иницијал, што е вообичаено во германскиот правен систем.

„Истрагата нè доведе до претпоставка дека обвинетата сакала да се сокрие поради семејна расправија и во таа смисла да ја лажира сопствената смрт“, изјави Вероника Гризер од Државното обвинителство во Инголштад.

Полицијата соопшти дека Шарабан К, која оперирала на социјалните мрежи под голем број имиња, контактирала со неколку жени кои личеле на неа во неделата пред убиството.

Но, Хадиџа О. се согласила да се сретне со Шарабан откако ја намамила нудејќи и козметика, пишува „Зидојче цајтунг“. Таа, наводно, на денот на убиството била собрана од нејзиниот стан од страна на Шеќир К. и Шарабан К. Во делот на шумата меѓу Хајлброн и Инголштад, двајцата обвинети наводно ја измислиле причината поради која Алжирката излегла од возилото. Потоа ја избоделе до смрт.

„Оружјето на злосторството не е пронајдено, но доказите се бројни“, изјави портпаролот на полицијата Андреас Ајкеле за „Билд“. „Жртвата беше убиена со повеќе од 50 убоди, лицето целосно беше изобличено.

Обвинителите тврдат дека по убиството, дуото го подигнало телото на жртвата на задното седиште во мерцедесот и се упатило кон Инголштад. Тие го паркирале автомобилот во тивка станбена зона покрај брегот на Дунав, каде што ги пронашле родителите на Шарабан К. кратко пред полноќ на 16 август 2022 година.

Иако истрагите се во тек, а некои сведоци се уште треба да бидат сослушани, на 26 и 27 јануари беа издадени налози за апсење на Шеќир К. и Шарабан К., изјави портпаролот на обвинителот во Инголштад. Двајцата се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат прогласени за виновни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот