Германија: Украл камион и удрил во неколку возила, 17 повредени, постојат сомненија за терористички напад (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Најмалку 17 лица се повредени кога непознат маж со украдено возило камион налетал на повеќе други возила во центарот на Лимбург, во Германија, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил вчера попладне. Меѓу повреедените е и возачот на украдениот камион кој е уапсен.

Истрагата е во тек, а полицијата соопштила дека не е исклучено дека станува збор за терористички напад.

Локалните органи упатиле апел да не се шират шпекулации за овој инцидент и да се чекаат официјални детали од власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот