Германија ќе помогне во обновата на израелските кибуци уништени од Хамас

Франк-Валтер Штајнмаер во Израел / Фото EPA-EFE/RONEN ZVULUN / POOL

Германија најави дека ќе обезбеди финансиска помош за обнова на израелските заедници уништени од Хамас во терористичките напади на 7 октомври. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, за време на посетата на Кибуц Беери, една од заедниците која беше цел на палестинските милитанти, најави дека Германија следната година ќе даде седум милиони евра за нејзина реконструкција.

Средствата ќе бидат наменети за реновирање на културниот центар и место за состаноци на постарите жители на тој кибуц, кој се наоѓа на само неколку километри од границата со Појасот Газа. Штајнмаер рече дека многу жители на кибуц веќе размислуваат за враќање.

„Беери и многу други кибуци заслужуваат не само да бидат дел од историјата на Израел, туку пред сè од неговата иднина“, нагласи тој.

Кибуц Беери бил делумно основан од германски Евреи. Повеќе од 130 од неговите 1.300 жители биле убиени, а 50 се киднапирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот