Германец ја убил сопругата, ги скрил деловите од телото и ги зел со него кога се преселил

Германска полиција / Фото EPA-EFE/Filip Singer

Вчера во Судот во Ахен започна судењето на 41-годишниот Манфред Г., кој е осомничен дека ја убил својата сопруга во куќа во Гилрат (област Гејленкирхен) во 2016 година.

Случајот се сметаше за затворен се додека телото на убиената Дороти, која за време на убиството имала 29 години, не било пронајдено во август минатата година. Телото било пронајдено во новата куќа во која живеел 41-годишникот со синот и новата партнерка. На суд беше кажано дека 41-годишникот ги зел со себе остатоците од телото откако се иселил од старата куќа во нова, пренесува Феникс Магазин.

Како што пренесуваат германските медиуми, Дороти исчезнала на 8 октомври 2016 година. Во тоа време, таа живеела со сопругот и синот во малиот град Систерзел. На тој ден, како што соопштија од државното правобранителство, младата жена разговарала со своето ново момче. Дороти сакала да се разведе од сопругот. Таа сакала да се пресели во јужна Германија со новото момче и нејзиниот син.

Сопругот на Дороти самиот отишол во полиција во октомври 2016 година и пријавил дека неговата сопруга исчезнала. Според информациите на истражителот, Манфред Г. изјавил дека се скарал со сопругата, по што таа едноставно побегнала.

Полицијата веднаш започнала голема акција за нејзино наоѓање. Тие пребарувале шуми и езера. Но, стотици полицајци, нуркачи, кучиња и експерти со најнова форензичка технологија не нашле никаква трага од Дороти.

Од самиот почеток, одделот за убиства се сомневаше во верзијата на приказната на сопругот. Зистерсел е мал град со 1.600 жители, но во градот има камери. Полицијата ја прегледала снимката, но никој не бил на улицата на 18 октомври 2016 година.

Полицијата се посомневала дека жената починала во куќата. Инспекторите се посомневале во сопругот, но не знаеле каде е телото. „Тоа беше многу незадоволителна ситуација за сите нас. Знаевме кој е сторителот, но не можевме да го уапсиме. Неколку пати ја пребаравме куќата во Систерзел, го испрашувавме сопругот, но безуспешно“, изјави истражителот.

Инспекторите успеаја да направат пробив во случајот „Дорота“ дури минатиот август. Во шупата на куќата во Гејленкирхен-Гилрат во областа Хајнсберг, каде што сега живее Манфред Г. со својот син и новата партнерка, полицијата пронашла торба со делови од телото. Сопругот е уапсен.

Државното правобранителство претпоставува дека од љубомора на 18 октомври 2016 година Манфред Г. ја убил Дороти. Се верува дека пред тоа таа му признала дека запознала нов маж. Судот во Ахен на 15 март ќе ја објави пресудата за случајот „Дороти“. На Манфред Г. му се заканува доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот