Германците направија план за зимата: Сиромашните и возрасните ќе се греат колективно во спортски сали

парно радијатор греење
Парно греење / Фото: Архива на Слободен печат

Во Германија расте стравот од зима поради недостигот на руски гас, особено поради неизвесноста дали по прекинот на испораките поради ремонт на гасоводот Северен тек 1, Русија повторно ќе извезува гас. Се повеќе германски градови формираа кризни штабови и развиваат планови за итни случаи.

Во тие планови се предвидува и формирање на сали во кои граѓаните, кои веќе не можат да си дозволат да плаќаат парно, да се греат.

– Се подготвуваме за есен и зима за сите можни сценарија“, изјави градоначалникот на Лудвигсхафен, Јута Штајнрук.

Тој град ја планира салата „Фридрих Еберт“ за греење на граѓаните.

– Таа сала, која се користеше за изложби, спортски натпревари и слично, за време на пандемијата беше претворена во центар за вакцинација, а по потреба ќе биде и сала за греење за сите оние кои немаат пари да платат за затоплување на домовите – додаде градоначалникот.

Вакво „колективно греење“ планираат и градовите Нојштад, Франкентал и Ландау.

Покрај тоа, тие градови планираат да заштедат енергија со исклучување на осветлувањето во јавните згради или ноќе, дури и на семафорите. Во Дизелдорф властите најавија дека ќе го намалат парното во есен и зима, а во текот на летото ќе апелираат до населението помалку да користи клима.

Во Рендсбург веќе го откажаа лизгалиштето на божиќниот пазар поради можен проблем со струјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот