Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар
Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар / Утрински брифинг

Герасимовски: ОЈО ќе каже дали пожарот во „Треска“ бил подметнат

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, вчера имаше средба со Кризниот штаб во врска со пожарот на фабриката Треска, на чијашто парцела се планира градење. Штабот за кризи и спасување доби информација дека МВР го завршиле увидот и е записникот е доставен до Основното обвинителство.

– Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР. Општината прима барања за расчистување на теренот, но чекаме прво да се произнесе ОЈО. Расчистувањето ќе се врши согласно тоа каков материјал е изгорен, а прво ќе се отстрани ако го има штетниот материјал, вели Герасимоски за Утрински брифинг.

Што таму горело и колку е штетно по здравјето беше првото нешто што нѐ интересираше, вели Герасимовски. Тој додава дека азбестот не гори, но имало лакови и бои. Мерењата на чистотата на воздухот покажуваат дека нема енормно загадување поголемо од дозволеното. Денес ќе излеземе повторно на увид, вели Грасимовски.

– Прво треба да го исчистиме целиот простор да не се случи повторно некое дејствие, распиавме набавка за нова планерска куќа оти со претходната е раскинат договорот, вели градоначалникот на Центар и додава дека пред десетина дена имало средба со сопствениците на парцелата, но дел од сопствениците го напуштиле состанокот незадоволни од укажувањата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Кризен штаб на Град Скопје: На теренот кај „Треска“ имало и цистерна полна со нафта

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот