Георгина Родригез конечно го покажа вереничкиот прстен кој го доби од Кристијано Роналдо! (ФОТО)

инстаграм

Вереничката на еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, на друштвените мрежи се пофали со огромен дијамантски прстен. Ова скапоцено парче накит заблеска на нејзината рака и таа воедно прв пат со него се пофали во јавноста. Исто така, таа напиша и интересен опис под објавената фотографија.

инстаграм

„Голем е оној кој не ја гаси светлината на другита за тој самиот да заблеска“, напишала таа.

инстаграм

Поранешната балерина иако повеќе не се занимава со танцот, физичките активности ги надоместува со напорни тренинзи. Прекрасната Георгина често објавува слики од теретаната каде редовно вежба, а понекогаш тоа го прави и од удобноста на својот дом. Божествената фигура во костимот за капење е резултат на посветената работа на себе, а често користи можност да го покаже своето витко тело.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот