Генерално собрание на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани реизбран за претседател

Евроатлантскиот совет на Македонија соопшти дека вчера на Генералното собрание е избрано ново раководство, на кое за претседател едногласно е реизбран Исмет Рамадани.  За генерален секретар е избран Илија Џугуманов, а бизнисменот Светозар Јаневски е избран за извршен директор на Бизнис- клубот.

На состанокот се избрани и членови на новото Претседателство на Евроатлантскиот совет на Македонија: Исмет Рамадани,  Анѓелка Пеева-Лауренчиќ, Трифун Костовски, Илија Џугуманов, Љубе Дукоски, Ризван Сулејмани, Флорие Љатифи, Методи Хаџи Јанев, Тоше Коцевски, Виктор Андонов и  Љубица Пендароска, и членови на  Бизнис-клубот на Советот: Свето Јаневски – М6 Груп, Живко Мукаетов – Алкалоид, Ангелка Пеева-Лауренчиќ – Имиџ ПР,  Ферик Велија – Алсат М, Арсим Папранику – Нептун, Лазим Дестани – Еколог,  Митко Андреевски – Си Ен Џи Системс, Арбен Абурахмани – Вез Шари и Васко Кроневски – Некстсенсе.

На Генералното собрание, кое поради ковид-19 се одржа онлајн, разгледани се извештаите за досегашната работа, статутарните промени и одлуки во насока на идното функционирање на организацијата до 2025 година.

– Овој состанок обедини над 55 членови и поддржувачи. Меѓу останатото, претставуваше одлична платформа за дискусија за актуелните глобални проблеми. Делегатите на ова Собрание донесоа одлуки за продлабочување на соработката со партнерите и развивање на стратегиите на организацијата до 2025 година, соопшти Евроатлантскиот совет на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот