Фото официјален Фејсбук профил на Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници
Фото официјален Фејсбук профил на Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници

Директорот на „Железници“ Ивановски: По децении, правиме „генералка“ на Железничката станица во Скопје

„Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Но, децениската запуштеност и немањето институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално нерепрезентативен објект „накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена“, напиша на „Фејсбук“

Фото Фејсбук профил на Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници
Фото Фејсбук профил на Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници

Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности. За старт се отстранија сите билборди и светлосни реклами (остана уште една светлосна на Хамза Донер кои одбиваат да ја извадат, истите доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат), потоа се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена. Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица. Процесот на враќање на нормалниот изглед на железничката станица нема да е лесен процес, но да почнеме денес. Во склоп на објектот има станица на МВР, им благодариме за секојдневната соработка и помош, соопшти Синиша Ивановски, директор на ЈП „Железници“.

Фото Синиша Ивановски, директор на Железници, Фејсбук
Фото Синиша Ивановски, директор на Железници, Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот