Генчовска го кани Османи на состанок во Банско, но тој нема да оди

Бујар Османи и Теодора Генчовска
Бујар Османи и Теодора Генчовска / Фото: Фејсбук / Бујар Османи

Бугарското Министерството за надворешни работи вчера испратило покана до министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, според членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Како што соопшти денеска бугарското МНР, состанокот би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско.

На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори.

Но, министерот за надворешни, Бујар Османи нема да оди во Банско на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.

Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Бујар Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.

-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.

Бугарското МНР е незадоволно од фактот што Договорот и Протоколот не е формален критериум за отвoрање и затвoрање на поглавјата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот