Газдата на Сион го отпушти целиот тим

twitter/?????????????

Сопственикот на фудбалскиот тим Сион, Кристијан Константин, одлучи да го отпушти целиот тим бидејќи швајцарското првенство е стопирано поради пандемијата на коронавирусот.

Константин пред неколку дена изјави дека не верува оти лигата ќе продожи оваа сезона, а денеска направи нов радикален чекор.

Тој прво на фудбалерите им понуди платите да им ги намали на 12.350 швајцарски франци додека трае паузата, а откако беше одбиен неговиот предлог, Константин на сите им даде отказ.

Одлуката ја образложи дека фудбалерите не носат профит во ова време со што нема ни расходи и поради тоа нема причина да им дава плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот