Газдата на најголемиот европски бордел на колена: Готови сме

Фото: baklol.com

Готови сме, вели шефот на борделот „Паша“ во Келн, Армин Лобшајд. Најголемиот европски бордел со месеци е без приходи, откако Германија ја забрани проституцијата поради коронавирусот, јавува „Дојче Веле“.

– Можеби е насфатливо, но поднесов барање за банкрот до Окружниот суд. Готови сме“, изјави Лобшајд.

Јавниот сервис ВДР пренесува дека портпаролот на Окружниот суд го потврдил барањето за поведување на стечај на „Паша“. Трошоците, според Лобшајд, биле превисоки и неиздржливи.

Борделот „Паша“ е зграда на 10 ката во квартот Ноеренфелд во Келн. Има 60 вработени и со месеци е без приход, поради забраната за проституција во време на пандемија.

Вратите на сината зграда се отворени во 70-те години од минатиот век и оттогаш бројот на клиентите беше во постојан пораст. Името „Паша“ го носи од 1995 година и во неа се наоѓаат повеќе од 100 апартмани во кои работат проститутките. Зградата има сопствена инфраструктура со ресторан, барови, пералници за алишта, солариум, козметички салон, итн.

Луѓето од таа сфера веќе подолг период бараа дозвола за повторно да работат, но истовремено предупредија на последиците од евентуално затворање на објектот. Според нив, проституцијата ќе се пресели во илегална и нерегулирана област, а жените ќе бидат значително помалку заштитени.

– Со помош на банките. можевме да избегнеме стечај. Барем да ветеа дека би продолжиле со работа на почетокот на наредната година. Сите во овој сектор знаат дека проституцијата останува да функционира, меѓутоа во тајност и без плаќање на данок“, нагласи Лобшајд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот