фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Гатузо пред отказ, четири кандидати за нов тренер на Елмас и Наполи!?

Наполи кој лани го освои трофејот во Купот на Италија, истиот не успеа да го одбрани после вчерашната елиминација на дуелот против Аталанта.

После нерешените 0:0 на домашен терен, „наполитанците“ на реваншот во Бергамо синоќа загубија со 3:1. Овој нов пораз уште повеќе ги зголеми гласините околу можната разделба меѓу тренерот Џенаро Гатузо со клубот од Неапол.

Покрај неуспехот во Купот, Наполи има и два порази (од Џенова и Верона) во последните три кола во шампионатот каде што моментно е на шестата позиција со 37 бодови, 12 помалку од водечкиот Милан.

Се шпекулира дека четири имиња се поврзуваат со клупата на Наполи, тие се Иван Јуриќ (Верона), Винченцо Италијано (Специја), Лучано Спалети кој од 2017-2019 година го водеше Интер, а можеби како најголем фаворит се одвојува Рафаел Бенитез кој изминатите две години беше кормилар на кинеската екипа Далјан Профешнл.

Бенитез има трофеи со Валенсија, Ливерпул, Интер, Челси, а веќе еднаш го водеше Наполи со кој исто така имаше успеси, освојувајќи го трофејот во Купот на Италија (сезона 2013/2014) и Суперкупот на Италија во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот