Гаши чека предлог од Судскиот совет за уставен судија на местото на Дуковска
Претседателот на Собранието Африм Гаши нема да констатира престанок на судискиот статус на Елизабета Дуковска, откако по две години Управниот суд одлучи дека таа била избрана незаконски, како што вчера од Собранието побара уставниот судија Осман Кадриу.
Препорачано
Поништувањето на изборот на Дуковска ќе предизвика извесно одложување на одлуката на Уставниот суд околу Законот за употреба на јазиците, бидејќи Судот претходно донесе заклучок според кој за ова прашање ќе одлучува во целосен состав. За составот на Судот повторно да стане целосен, Собранието мора да избере нов судија, а процедурата може да потрае.
Гаши во интервју за телевизијата „24“ тврди дека со тоа што го испратил дописот до Судскиот совет и Уставниот суд со одлуката на Управен, завршила неговата обврска.
Собранискиот спикер, во интервјуто кое ќе се емитува вечерва, најавува и медијација меѓу власта и опозицијата околу Законот за помош на семејствата на повредените и настраданите во Кочани, но тврди дека „нема зошто да се кае“ за двонеделниот „одмор“ на пратениците по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 млади луѓе, бидејќи според него, пратениците не биле на одмор.


