Гардијан: Воздухот во Скопје мириса на изгорена пластика, аерозагадувањето им го намалува животниот век на граѓаните
Планините околу Скопје ги чуваат граѓаните безбедни кога смогот станува погуст, но ги заробуваат и отровите што го прават воздухот меѓу најопасните од сите градови во Европа, вака ја започнува анализата угледниот весник Гардијан за екстремното аерозагадување во главниот град, но и во цела Македонија.
Препорачано
Лошото гориво, но и урбанизацијата со децении го задушуваа главниот град, а старите фабрики се околу домовите и канцелариите. Во зима, кога луѓето палат печки со отпадно дрво и ѓубре, се крева топол воздух кон небото, кој се сретнува со студениот и тежок планински воздух и го формира капакот што го задржува загадувањето и маглата во самата котлина.
„За некои жители, лошиот воздух е дополнителна причина да ја напуштат земјата, заедно со ниските плати и корупцијата кои го поттикнаа одливот на мозоци во ЕУ“, се вели во текстот на „Гардијан“.
Анализата на Гардијан заснована на европски податоци за квалитетот на воздухот покажала дека Скопје е домаќин на три од најмногу загадените окрузи на континентот и дека заедно со други градови од Западен Балкан и Полска, е едно од европските жаришта за ПМ-2,5 честичките.
Податоците откриваат дека речиси сите жители во седум држави во источна Европа – Србија, Романија, Албанија, Македонија, Полска, Словачка и Унгарија – имаат најмалку двојно повеќе нечист воздух од насоките на СЗО. Mакедонија со години има проблем со високо аерозагадување.


