Гаранцијата од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во кеш не е доволна за излез на Камчев од Шутка

Фото: СП. / Драган Митрески

Еленко Миланов адвокатот на бизнисменот кој е петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“, Орце Камчев,   денеска соопшти дека бизнисменот по вторпат поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор, но обвинителката Лиле Стефанова веднаш дала негативно мислење.

 

– Јордан Камчев е петтоосомничен, а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење, а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински. Сметам дека гаранцијата треба да биде прифатена, бидејќи сумата ја надминува целата финансиска штета од 1,3 милиони евра за која Обвинителството го гони мојот клиент – рече Миланов.

Миланов вели дека не може целиот предмет „Плацеви на Водно“ да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски дадена за сосема друга истрага и побара запирање на целиот процес се додека не се земе изјава од Груевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот