ГАЛЕРИЈА | Високата мода на дело: Кан „гори“ од елеганција и гламур

кански фестивал
Фото: Profimedia

Филмскиот фестивал во Кан, најпрестижниот и најпопуларен фестивал во светот на кинематографијата, започна на 6 јули, а до 17 јули ќе имаме можност да ја погледнеме парадата на некои од најдобро облечените жени на планетата, како на црвениот тепих, така и надвор од него. 

Патриција Глорија
Патриција Глорија / Фото: Profimedia

Секоја вечер познатите светски дами парадираат во своите гламурозни креации и скапоцен накит на црвениот тепих. 

Кендис Свонпул, Карла Џинола
Кендис Свонпул (десно) и Карла Џинола (лево) / Фото: Profimedia

A, бидејќи овој фестивал е центарот на филмските и други елити, црвениот тепих е вистински моден деликатес за гледачите и критичарите.

Ноел Капри Бери
Ноел Капри Бери / Фото: Profimedia

Елеганцијата е на својот врв, а може да се забележи дека повеќето дами избрале раскошни креации во изразито светли нијанси – бела, беж, нежно розова, боја на шампањско…

Леони Хана
Леона Хана / Фото: Profimedia

Слоеви и слоеви од тул, голи грбови, помпезни карнери, светки, пердуви, длабоки изрези и деколтеа вредни за внимание – на фестивалот има сè, а најмалку едноставност.

Марион Котијар
Марион Котијар / Фото: Profimedia

Сепак, по една година пандемија во која високата мода беше на маргините, вистинско освежување е да се ужива во вакви екстравагантни изданија.

Дијана Кругер, Ева Херцигова
Дијана Кругер (лево) и Ева Херцигова (десно) / Фото: Profimedia
Лорена Реј, Мишел Салас
Лорена Реј (лево) и Мишел Салас (десно) / Фото: Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот