ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Сто години македонска авијација

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Со акробатско летање со авиони и едрилици, прелети во група и низок прелет на патнички авион, падобранци со најголемото државно знаме од воздух, и со изложување на првото летало на македонската авијација, Аероклубот Скопје денеска со свечен настан одбележува „100 години македонска авијација“.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Посочувајќи дека во 1923 година е формиран првиот аероклуб во нашата држава, Аероклубот Скопје, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, истакна дека нашата авијација помина низ многу предизвици поминувајќи преку разни општествени прилики општествени уредувања, војни кризи и непогоди.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

-Но, со упорноста и големата верба успеа да ги надмине предизвиците и да добие епитети на почит и уважување. Велам многу предизвици бидејќи скромните почетоци пред 100 години, денес се претворени во солидна база за успеси на македонското воздухопловство, не само на нашата држава, туку и надвор од неа, а тоа го докажуваат и многуте заеднички активности кои нашите пилоти, нашите авијатичари ги реализирале и ги реализираат како преку учество во акции и зачувување на човечки животи во државата, така и преку заеднички и регионални и глобални акции на полето на безбедноста, наведе Ковачевски.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Премиерот за „Илинденка“ рече дека таа отворила пат за создавање серија вакви едрилици кои биле испратени ширум поранешни Југославија каде добивале само пофалби со оценки и кои ги вбројувале меѓу најдобрите во светот. Убаво е кога историјата ни е добро сочувана за да им раскажуваме на помладите генерации кои се денес тука меѓу нас.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Илинденка е произведена во фабриката „20 Мај“ во Скопје. Првиот лет со едрилицата е изведен во 1955 година, а ќе остане запаметена по своето учество на светското едриличарско првенство во Полска, во 1958 година, како дел од тогашната репрезентација на СФР Југославија.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

-Оттогаш до денес овој воздухоплов беше во Воено техничкиот музеј во Белград, и благодарение на одличните односи коишто ги имаме и со претседателот на Србија, со министерот за надворешни работи Србија и благодарение на нивна помош на директорот на ВТМ во Белград, овој воздухплов денес е во Скопје каде што му е и местото, рече Ковачевски, заблагодарувајќи се на српските власти за тоа што е овозможено да се претстави првото летало на македонската авијација.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

На настанот меѓу гостите беа и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Дачиќ, истакна дека нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за попросперитетна иднина на граѓаните.

Тој посочи дека во подготовките за одбележување на јубилејот учествуваше и Министерството за одбрана на Србија кое на организаторите на аеромитингот им ја отстапи едрилицата „Илинденка“, прво летало произведено на македонска територија во 1955 година според проект на познатиот српски инженер Милош Илиќ.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

– Илинденка на симболичен начин сведочи за блиската поврзаност на нашите две земји и во областа на воздухопловството, рече Дачиќ.

Претседателот на Аероклуб Скопје, Дејан Саздовски, истакна дека зачетокот на македонското воздухопловство потекнува од едни микро југословенски простори и поврзано е со целата бивша Југославија од самиот свој почеток која почнала пред 100 години во 1923 година од една мала група ентузијасти поддржани од централната влада во Белград.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Тој нагласи дека земјава има и воздухплов, кој летал и луѓето го употребувале којашто во 60-тите години прекинала со операции, а едно или две од нив завршиле во Депото во Музејот во Белград.

-Многу напори имаме дадено последниве 30 години за да донесеме барем едно парче во Македонија да може луѓето да го гледаат и да се гордеат на тоа дека нашиот народ вроди нешто и создал нешто што лета, посочи Саздовски.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Инструкторот по падобранство, Јане Стефанов, истакна дека ова ќе биде место посветено за каде што ќе можат да учат младите моделари, пилоти падобранци, младите едриличари.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

-Сакаме нашиот аеродром да биде зелен, не само тревата да биде зелена туку да биде воден од обновливи извори на енергија. Сакаме нашето небо да биде зелено. Нашето небо не може да биде зелено меѓутоа кога ќе полетаат електрична авиони кон небото тогаш тие може да го направат зелено, рече Стефанов.

Италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, изрази особена гордост за овој јубилеј бидејќи се совпаѓа со стогодишнината на италијанската авијација.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Освен тоа, на свеченоста имаше и акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а учествуваа и хероите на летните пожари, трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Mi-17, а на крајот на програмата во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер.

Аеромитинг во Стенковец/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Специјални гости на јубилејот се авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција, а посебна атракција се двата суперсонични пресретнувачи MIG-29 на Српското воено воздухопловство кои исто така се дел од овој голем Аеромитинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот