Фото МВР
Фото МВР

ГАЛЕРИЈА | Вака изгледа фалсификуваниот ботокс администриран на пациентки во Македонија

Министерството за внатрешни работи објави фотографии од фалсификуваниот ботокс кој бил пронајден при претресите во големата акција за сузбивање на организирана криминална мрежа во која има доктори од Клиниката за дерматологија, од ГОБ „8 Септември“ и од приватни естетски ординации. Овој ботокс кој не се знае што содржи, не бил регистриран во Агенцијата за лекови и медицински средства, но бил администриран на пациентки.

Фото МВР
Фото МВР

Засега од Министерството за здравство немаат излезено со препораки што да преземат пациентките кои што биле третирани со овие фалсификати, ниту пак дали е потребно да направат некакви испитувања. На прашање на „Слободен печат“ до Министерството кои се препораките од пластичните хирурзи и од дерматолозите за пациентите што биле третирани со фалсификуваниот ботокс, одговори нема.

Фото МВР
Фото МВР

Засега се знае дека големата криминална група од 14 лица, се организирала и извршила увоз во Македонија на фалсификуван ботокс од Србија, Кореа и Турција. Инаку, во Бугарија минатата година имаше скандал со увоз на нерегистриран ботокс од Турција при кој 12 жени завршија хоспитализирани.

Македонската група,  фалсификуваните лекови и медицински помагала ги внела во државата со шверцување а во операцијата им помогнал еден цариник. Лицата моментално се изведени пред судија, а Обвинителството за 7 од нив бара притвор а за другите 7 мерки за претпазливост.

Фото МВР
Фото МВР

Пријавените иако биле свесни и знаеле дека набавената стока претставува лек и медицинско помагало, согласно Законот за лекови и не била увезена согласно пропишаните правила, како и дека за истата не било издадено упатство и декларација со одобрение од МАЛМЕД, истите вршеле естетски корекции, со што предизвикале општа опасност по животот и здравјето на луѓето, информираше МВР.

Фото МВР
Фото МВР
Фото МВР
Фото МВР

 

Фото МВР
Фото МВР
Фото МВР
Фото МВР

„Слободен печат“ со детали за акцијата за нелегален ботокс и филери: Уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив доктори на Дерматологија и во ГОБ „8 Септември“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот