ГАЛЕРИЈА: Барате место за бегство од градот? Еве зошто гоштевањето во Велгошти е повеќе од гозба

Некогаш во минатото, еден од првите жители на селото, сточарот Веле, гоштевал во Велгошти, од каде што, според легендата потекнува и името на ова село. Денес нагостете се во етно ресторанот „Света Петка“ и откријте ги сите убавини на Велгошти и околината.

Недалеку од Охрид, на само три и пол километри, во подножјето на планината Галичица, се наоѓа Велгошти, најголемото село во Охридско, а на почетокот на селото – ве пресретнува етно ресторанот „Св.Петка“. Ресторанот го добил името по заштитничката на селото и мештаните, Света Петка, па не случајно во Велгошти се наоѓа и впечатливата камена манастирска црква „Света Петка“, изградена пред крајот на турската власт.
Пробајте од плескавица со шест вида сирења во лиснато тесто, од тавата „Света Петка“ со три вида месо и зеленчук, од ѓомлезото кое го пробале и светски државници, симит погачата со месо и печурки, пастрмката во сол или во лиснато тесто…, и „наквасете“ ја гозбата со домашно вино од три сорти грозје / Фото: Приватна архива
Уште првата средба со етно ресторанот ветува – реконструиран стар објект од камен, цигла и дрво, ограда од леса и двор опкружен со чемпреси. Ладовина, колку сакаш! Љубезно нè пречекуваат домаќините, Милчо и Елизабета Ѓошески, кои се 25 години во брак и кои сè заедно работат.
Фото: Приватна архива
А, помага и синот, зашто станува збор за семејна традиција втемелена на заедништво и слога. Така, залак по залак, домаќините нè запознаа со гастрономските волшепства на единствината традиционална кујна каква што нема да најдете на ниедно друго место.
Фото: Приватна архива

Домашно и само домашно!

– Нудиме нешто поинакво, овие јадења ги има само кај нас – ни објаснува Милчо и ни предлага што треба да пробаме – плескавица со шест вида сирења во лиснато тесто (чедар, топено сирење, плаво сирење, пармезан, моцарела и овчи кашкавал), како специјалитет на ресторанот.

Фото: Приватна архива

Но, како да се одлучиме? Меѓу специјалитетите се и телешка опашка, бели бубрези, похован мозок, потоа – ѓомлезе, питулици и комад подготвени под сач, па тука е тавата „Света Петка“ со три вида месо (свинско, телешко и пилешко), со кромид, печурки, суви пиперки, модар патлиџан…, свинско каре во лиснато тесто, симит погача со месо и печурки, роловано месо во лиснато тесто, потоа – риба по нарачка, подготвена на автентичен начин, пастрмка во сол и во лиснато тесто, од предјадењата – макало со лук, тарана, ајвар, пинџур… Карактеристичните јадења не можат да се добројат, сите се свежи, со органски намирници. Па ако навраќате тука, планирајте си најмалку три-четири часа за уживање и задолжително резервирајте си го вашето место.

Фото: Приватна архива

Рецептите се мајсторија на Елизабета, таа ги дизајнира и ги приготвува како вистинска уметница. Домашните производи го имаат приматот, од домашен охридски домат до домашен овчи кашкавал и полномасно овчо сирење. Има и домашно вино, домашни сокови од боз, вишни, рибизли, трендафил… Не го прескокнувајте десертот – домашна торта, колачиња, раванија, палачинки.

Фото: Приватна архива

Ѓомлезето на Ѓошески има и своја специфична историја. Имено, ова семејство е првото кое почнало со производство на ѓомлезе за комерцијални објекти, односно за други ресторани. Дури и вилата „Билјана“ ја снабдувале со ѓомлезе, па така, овој автентичен специјалитет стигнал до непцата на многу видни гости и државници од странство.

Фото: Приватна архива

Активен туризам и посета на четири православни храмови

Семејството Ѓошески се занимаваат и со активен туризам, организираат екскурзии кои вклучуваат посета на четири православни храмови до кои се стигнува преку живописна природа, кањон, којзи патеки, река со мали водопади. Се поаѓа од ресторанот „Света Петка“ кон првата пештерска црква „Богородица“ на илјада метри надморска висина, потоа до црквата „Свети Никола“ на 1.100 метри, па кон црквата „Свети Илија“ и до манастирот „Света Петка“.

Ѓошевски / Фото: Приватна архива

Од сите локации има прекрасен поглед на Охридското Езеро, а има и извори и чешми со питка вода, дворови кои се холтикултурно уредени, место за одмор, место за скара. Турата завршува со ручек во ресторанот, чини 1.200 денари по лице. Ако ви е малку време за толку убавини во село Велгошти и околината, преноќите. Објектот располага и со сместувачки капацитети.

Во продолжение, погледнете каква атмосфера и специјалитети ве очекуваат во ресторанот „Св. Петка“:

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот