Галатасарај без Мауро Икарди до крајот на сезоната
Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди доби сериозна повреда и ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната, соопштија од турскиот клуб.
Аргентинецот има скинати предни вкрстени лигаменти и повреден менискус на десното колено од мечот против Тотенхем во Лигата на Европа синоќа, кој Галата го доби со 3:2.
На Икарди ќе му биде извршена операција, по што ќе започне рехабилитацијата.
Сезонава 31-годишниот напаѓач во турскиот шампионат запиша седум настапи и четири голови.
Во својата професионална клупска кариера Икарди настапуваше и за ПСЖ, Интер и Сампдорија.
🚨🔴🟡 Mauro Icardi has torn his ACL and will be out until the end of the season, Galatasaray confirms.
Get well soon, Mauro! pic.twitter.com/Ia3NTNsREW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 8, 2024