Фото: instagram.com/macedonianhandballfederation/

Гакидова: Покажавме како се игра со срце, ги задржавме нашите шанси за пласман на ЕП 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа важна победа над селекцијата на Белгија со резултат 33:28 во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Првопласираните две репрезентации од секоја квалификациска група ќе обезбедат учество на континенталниот шампионат, како и четири најдобро третопласирани селекции.

Нашата селекција предводена од селекторот Кристијан Грчевски моментно во квалификациската група 3 е на третото место со два бодови.

Последните два меча од овој циклус македонските ракометарки ќе ги имаат следниот месец, на 7-8 април ќе ја пречекаат Германија, а на 12 април ќе гостуваат кај Словенија.

– Среќни сме, покажавме како се игра со срце. Ги исправивме грешките што ги направивме на натпреварот во Белгија и, со публиката како наш осми играч, успеавме да го добиеме овој натпревар и да ги задржиме нашите шанси за пласман на Европското првенство – се зборовите на македонската репрезентативка, Ивана Гакидова, на официјалниот сајт на ЕХФ.

Ракометарките во Куманово ѝ се реваншираа на Белгија и се вратија во игра за пласман на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот